Фудбалерите на Манчестер Сити утре ќе го пречекаат Њукасл во новото колото во Премиер лигата. Домаќинот е во трка со Арсенал за титулата додека гостите се борат за влез во Топ 4.
Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, вели дека противникот иако нема победа во последните четири првенствени натпревари, треба да се респектира.
„Њукасл направи извонреден избор. Донесоа искусни играчи. Имаат и многу добар менаџер “ – потенцираше тренерот на Манчестер Сити.