Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, пред денешниот дуел во Лигата на Шампионите вели дека нема идеја како да ја запре ѕвездената напаѓачка тројка на ПСЖ.
„Навистина не знам како да ги неутрализираме Меси, Мбапе и Нејмар. Мораме добро да се браниме и да се обидеме да направиме притисок“ – вели Шпанецот.
„Не можев да замислам дека Меси ќе игра за друг состав освен за Барселона. Се надевам дека ќе биде спектакл и дека Меси ќе може да игра“ – вели Гвардиола.

