Манчестер Сити го победи Борнмут со 3-1 на „Итихад“ а по натпреварот видно незадоволен од судењето беше домашниот тренер, Пеп Гвардиола.
Тој се насочи на моментот кога Дејвид Брукс со рака му пречеше на Џанлуиџи Донарума а судиите тоа не го окарактеризираа како фаул и го признаа голот на Тајлер Адамс.
„Го прашав по натпреварот: „Кажете ми дали имаше прекршок? Само сакам да ја погледнете снимката“. Тука на „Итихад“ сите се храбри. Неверојатно е што досудија гол“, изјави Гвардиола.

