Рахим Стерлинг кој призна дека е отворен за нов предизвик доколку не добие поголема минутажа во Манчестер Сити, веднаш доби одговор од тренерот, Пеп Гвардиола.
„Рахим останува наш фудбалер до крајот на сезоната. Не знаев дека размислува да си оди. Играчите постојано сакаат да играат, но, тоа не можам да им го ветам“ – вели Гвардиола.
„Јас не користам само 11 играчи, сите се инволвирани. Барам од Стерлинг да биде среќен, ако не е така, тогаш може да направи што сака“ – потенцираше тренерот на „граѓаните“.

