Фудбалерите на Манчестер Сити по вчерашата победа против Астон Вила ја освоија титулата во Лига-купот на Англија а нивниот предводник од клупата, Пеп Гвардиола, успеа да дојде до 29 трофеј во неговата тренерска кариера.
Шпанскиот стратег сега се израмни со Украинецот, Валери Лобановски, кој за повеќе од четири децении се израдува на 29 пехари. Гвардиола пак, успеа тоа да го направи за 12 сезони бидејќи во неговата ризница има 14 пехари со Барселона, седум како тренер на Баерн Минхен и осум со Манчестер Сити.
Неприкосновен на чело на ранг-листа се наоѓа легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, кој има освоено 49 трофеи.

