Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, призна дека започнал да бара наследник на првиот голгетер, Серхио Агуеро, кој има договор до 2021 година, но, постои голема веројатност да си замине во текот на наредното лето.
„Потрагата по напаѓач е многу специфичен процес. Не е лесно да најдеш добар голгетер иако во клубот имаме одлична скаутинг служба.“ – вели Гвардиола.
„Често ми покажуваат видео материјали за напаѓачи од различни држави. Ќе ни биде многу тешко да пронајдеме вистинска замена за Агуеро“ – потенцираше шпанскиот стратег на клупата на „граѓаните“.
