Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не крие дека има високо мислење за младиот напаѓач, Феран Торес, кој според него уште не е на нивото на ѕвездите во Премиер- лигата.
„Реков дека Феран личи на Варди во движењето на теренот, но, не го споредив со него. Торес има многу леб да јаде за да се спореди со тоа што го постигна Варди“ – вели тренерот на „граѓаните“.
Младиот шпански напаѓач во првите три кола успеа да даде два гола и да направи една асистенција.