Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гаврдиола, му честиташе на Саутемптон за вчерашната победа остварена во Карабао Купот. Неговите избраници иако беа фаворити на хартија загубија на гостувањето со 2:0.
„Противникот беше подобар и мораме да му честитаме. Се надевавме дека ќе се пласираме во следната рунда но со таков настап тоа беше невозможно“ – вели Гвардиола.
„Граѓаните“ на 14 јануари ги очекува големата пресметка со Манчестер Јунајтед во Премиер лигата.