Кристијано Роналдо беше највозбуден од враќањето на Пепе во составот на португалската фудбалска репрезентација пред мечот со Македонија во вторник. Искусниот дефанзивец ја пропушти победата од 3-1 над Турција во четвртокот поради Ковид-19.
“Кралот се врати! Пепе се врати! Внимавајте!”, насмеаниот Роналдо извика пред тренингот на Португалија во топлото и сончево неделно утро во Порто додека 39-годишниот дефанзивец излегуваше од соблекувалната.
Тие се смееја и се гушкаа пред да го започнат загревањето. Пепе ја мина изолацијата и се врати во тимот.