Дефанзивниот фудбалер од Португалија, Пепе, откако се определи да го напушти тимот на Бешикташ кој е влезен во големи финансиски проблеми, направи невообичаен потег и покажа човечност.
Некогашниот играч на Реал Мадрид пред заминувањето од Турција на сите вработени во клубот од Истанбул, како што се готвачите, луѓето задолжени за одржување на теренот, економот … им поделил плата од неговата лична сметка.
Според шпанската – „Марка“, Пепе си заминал од екипата бидејќи еден од гигантите на турскиот фудбал не може да ги покрие големите долгови и да се носи со финансиската криза.