Голманот на Милан, Пепе Реина пристигна во Рим на лекарски преглед за да се пресели во екипата на Лацио.
Двете страни се согласиле за трансферот, а шпанскиот голман мораше да ги исполни сите потребни формалности. Медицинските тестови, потпишувањето на договор и средбата со новинарите се закажани за денес, пренесува официјалната веб-страница на новинарот Џанлука Ди Марцио.
На почетокот на сезоната 2019/2020, Реина влезе на теренот само три пати како голман на Милан, прими три гола и доби црвен картон. Голманот ја загуби конкуренцијата со Џанлуиџи Донарума и се пресели на позајмица во Астон Вила.
За оваа екипа, голманот одигра 12 натпревари, прими 20 гола и имаше чиста мрежа на два натпревариг. Неговата вредност во моментов изнесува околу 800.000 евра.