Италијанскиот фудбалски состав Лацио на крајот на сезоната најверојатно ќе го врати Андреас Переира во Манчестер Јунајтед бидејќи не може да ги исполни финансиските побарувања на Британците.
Бразилецот игра на позајмица кај „римските орли“, кои имаат можност да купат на крајот од сезоната. 25-годишниот фудбалер одлично се вклопи на „Олимпико“ и клубот е подготвен да го задржи, но, проблемот се парите.
Манчестер Јунајтед бара 25 милиони евра што е многу пари за Лацио со огледа на тешките услови наметнати од пандемијата.

