Првите луѓе на фудбалскиот состав Реал Мадрид најверојатно ќе се премислат во врска со Пол Погба и нема да испратат понуда за играчот на Манчестер Јунајтед, наведуваат медиумите во Англија.
Денеска британскиот Мирор објави дека од трансферот нема да се случи бидејќи „кралевите“ процениле дека Французинот ќе излезе премногу скап. Ако се направи комплетна анализа за сите трошоци што ќе ги има Реал Мадрид доколку го купи Погба, тогаш се доаѓа до неверојатна сума од околу 270 милиони евра.
Тука се вклучени парите за трансфер, платата на Погба и процентот што треба да го добие неговиот агент задолжен зa трансфери, Мино Раиола.