Претседателот на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Флорентино Перез, не се откажал од идејата да го ангажира Нејмар.
Шпанските медиуми тврдат дека првиот човек на „белите“ ќе направи нов обид да дојде до потписот на напаѓачот и да го ангажира на стадионот – „Сантијаго Бернабе“. Познато е дека ПСЖ бара 300 милиони евра за да му дозволи на Бразилецот да го напушти „Паркот на принцовите“.
Шпанските медиуми најавуваат дека Перез е подготвен да понуди повеќе играчи и одредена сума на пари за да го ангажира брзоногиот фудбалер.