Во Реал (Мадрид) веќе почнаа тензиите откако вчера на гостувањето во Баскија, „кралевите“ не успеаја да ги освојат трите бода против домашниот Атлетик (Б). Ремито од 1:1 го донесе и првиот немир во клубот.
Според информации на шпанското издание „Дон Балон“, првиот човек на клубот, Флорентино Перез бил бесен на тренерот Лопетеги поради некои неговите одлуки во врска со првиот состав.
Перез најавил дека ќе има разговор со стратегот и ќе се заинтересира зошто Каземиро и Иско останале на клупата за овој дуел. И двајцата не ја започнаа средбата, а нивното отсуство влијаеше видливо на играта на целиот тим.
Разочарувањето на „босот“ на тимот е поврзано ие со фактот дека Барселона вече направи предност од два бода на табелата уште на стартот на првенството.