Фудбалерите на Реал Мадрид вчера го совладаа Ајнтрахт Франкфурт со 2-0 на Олимпискиот стадион во Хелсинки и го освоија Супер Купот на УЕФА.
Веднаш по мечот првиот човек на „кралевите“, Флорентино Перез, беше категоричен во изјавата дека нема намера да купува нови играчи до крајот на летниот трансфер период.
„Со составот кој го имаме, не ни се потребни уште засилувања“ – беа зборовите на првиот човек на Реал Мадрид.