Претседателот на Реал Мадрид, Флоренто Перез веќе не толку фрапиран од Герет Бејл, па според медиумите во Шпанија, велшанецот ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“ во текот на летото.
Трпението на првиот човек на Реал е при крај, бидејќи Бејл не успеа да направи ништо за да не се почувствува заминувањето на Кристијано Роналдо оваа сезона и со тоа да стане лидер на тимот.
Уште по лошо е тоа што го загуби местото во стартниот состав и покрај тоа што има 13 гола постигнато оваа сезона, сепак тој дефинитивно не импресионира со неговите настапи, што го натера Перес да одлучи за неговата продажба по завршувањето на сезоната.
Гласини за продажба на играчот има одамна, а во 2017 година тој беше сериозно контактиран од Манчестер Јунајтед, но потоа одби да замине. Сега, сепак, се очекува ова да се случи.
Напаѓачот пристигна во Мадрид во 2013 година и направи неколку силни натпревари, но учествувал само во 58% од натпреварите на тимот, а токму поради повреди често беше надвор од тимот. Тој постигна 101 гол, но не ги убеди раководните луѓе на клубот дека е подготвен да стане легенда.
