Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, лично му го честиташе на велшкиот крилен играч Герет Бејл неговиот љубилеен натпревар 250 во дресот на Реал Мадрид.
Ова се случи при победата над Еибар со 3:1, во која 30-годишниот Велшанец влезе како замена во второто полувреме.
Во чест на овој убав љубилеј , Перез му подари на Бејл специјален дрес со бројот 250. Велшанецот се пресели во Реал во 2013 година од Тотенхем. Со тимот на Реал, тој стана шампион на Шпанија во 2017 година и четири пати го освои трофејот во Лигата на шампионите.
Бејл не добива доволно минути за игра од тренерот Зинедин Зидан, а со тоа постојано ги подгрева гласините за неговото заминување од Мадрид.

