Играчот на Реал Мадрид, Иско продолжува да бидње во центарот на вниманието откако најави дека не се чувствува добро на „Сантијаго Бернабеу“ и дека не ја сака улогата на резервист.
Во моментов има неколку клубови кои се заинтересирани за неговите услуги, но најголем интерес има од Англија и Италија. Весникот „Сан“ објави дека Челзи е подготвен да понуди 77 милиони евра за овој играч од средниот ред во јануари и неделна плата од 250.000 фунти.
Сепак претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез не планира да седне на разговори со понуда помала од 100 милиони евра.

