Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ја потврди информацијата дека 33-годишниот бразилски бек Марсело ќе продолжи да игра за клубот од Мадрид и ќе го замени Серхио Рамос како капитен на тимот.
„Марсело ќе биде наш капитен следната сезона. Тешко е да се најде друг бек како Марсело. Тој и Роберто Карлос беа најдобри на оваа позиција во историјата“, изјави Перез.
Да се потсетиме, Марсело се приклучи на Реал Мадрид на 1 јануари 2007 година. Актуелниот договор помеѓу играчот и клубот е со важност до 2022 година. Во последната сезона од Шпанското првенство, Бразилецот учествуваше на 16 натпревари, на кои забележа 2 асистенции. Исто така на негова сметка е 1 асистенција на 2 натпревари во Лигата на шампионите.
На крајот на сезоната 2020/21, Реал Мадрид заврши на второто место во Пример и стигна до полуфиналето во Лигата на шампионите, каде загуби од Челзи.

