Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ќе добие понуда да потпише нов договор иако најави дека сака да замине во пензија.
63-годишниот стратег во претходната сезона ги освои пехарите во Ла Лига, Лигата на шампионите, Супер-купот на Шпанија и Супер-купот на Европа. Италијанецот со триумфот во Лигата на шампионите, стана најуспешниот во елитното натпреварување со четири освоени трофеи.
Анчелоти е запишан и како првиот тренер кој освоил титули во Топ 5 лигите во Европа – Шпанија, Англија, Германија, Франција и Италија.