Фудбалерот на Интер, Иван Перишиќ, е на излезната врата од стадионот – „Џузепе Меаца“, објавија медиумите во Италија.
Според наведеното, корпулентниот напаѓач влегува во плановите на Баерн Минхен бидејќи германците ќе се откажат од трансферот на Лерој Сане од Манчестер Сити откако репрезентативецот на „панцирите“ заработи потешка повреда на мечот со Ливерпул во „Комјунити шилд“.
Поедини медиуми тврдат дека Хрватот води интензивни преговори со тимот од „Алијанц Арена“ кој сака да го ангажира на позајмица за една сезона со можност во иднина да ги откупи неговите права.
