Крилниот играч Иван Перишиќ се врати во Интер. Тренерот на Баерн Минхен, Ханзи Флик, за медиумите во Германија изјави дека Баварците се откажуваат од опцијата за купување на правата на 31-годишниот Хрватски интернационалец.
Перишиќ минатата сезона ја помина во Германија на позајмица. Баерн му плати на Интер 5 милиони евра и можеше да го купи играчот за 20 милиони евра. Сепак, Германците се обидоа да ја намалат висината на сумата за трансферот, но клубовите не успеаја да се договорат. Минатата сезона Перишиќ одигра 35 натпревари, постигна 8 гола и 10 асистенции.
Другите двајца, кои беа со позајмица на „Алијанц Арена“ – Филипе Кутињо и Алваро Одриозола, исто така се вратија во своите тимови, односно Барселона и Реал Мадрид.

