Хрватскиот фудбалер Иван Перишиќ даде интересен одговор на прашањето што мисли околу интересот на Баерн Минхен и неговиот поранешен тренер (селектор) Нико Коваќ.
„Тој многу направи за развојот на мојата кариера. Играв добро додека ја водеше репрезентацијата на Хрватска. Се разбира Нико знае каде може да мепронајде“ изјави крилниот напаѓач на Интер за весникот „Спортски новости“ потенцирајќи сепак дека повеќе би сакалда се испроба во Шпанија или Англија, а последно нешто што во моментов размислува е да игра во Германија.
Иван Перишиќ беше еден од клучните играчи на Хрватска , заедно со Лука Модриќ и Марио Маџукиќ на СП во Русија каде неговата селекција заврши како „сребрена“.