Хрватска не одигра добар натпревар, но на пенали успеа да се протне до четврфиналето на светското пренство во Русија. Еден од фудбалерите кои имаше добри настапи за „коцкестите“ досега на Мундијалот, Иван Перишиќ ја прокоментира синоќешната победа над Данска на пенали.
„Овој натпревар не беше нашиот најдобар, тоа го знаеме сите. Но, најважна е победата. Победивме и без да покажеме квалитетна игра. Имавме шанси за уште голови, но фудбалот е чуден спорт. Важна е победата и сакам да им честитам на сите од тимот за овој резултат, како и на Субашиќ за одбраните“, изјави фудбалерот на Интер.