Иван Перишиќ направи решителен чекор за да се врати на „Сан Сиро“, официјално поднесувајќи барање за трансфер до негвиот сегашен клуб ПСВ Ајндховен.
Според Џанлука Ди Марцио, хрватскиот ветеран е решен да обезбеди враќање во Интер пред да се затвори јануарскиот преоден рок. Сепак, патот во моментов е блокиран од раководството на холандскиот клуб. ПСВ сè уште не е отворен за продажба, главно поради претстојниот натпревар од Ередивизие против Феенорд, кој е многу важен.
И покрај овој почетен отпор од страна на управата на Ајндховен, Перишиќ нема намера да се повлече. Играчот ќе продолжи да инсистира на трансфер во наредните часови.

