Фудбалерот на Хрватска, Иван Перишиќ, пред полуфиналниот дуел со Аргентина на собирот во Катар вели дека чувството е прекрасно.
„Секој спортист сака финале. Аргентина е одлична, но, многу ќе зависи и од нас. Мора да играме тимски како што игравме против Бразил“, изјави Перишиќ.
„Треба да играме сите заедно и во одбрана и во напад. Гол или асистенција за мене нема значење“ – потенцираше репрезентативецот на „коцкестите“.