Видеолотарија Касинос Австрија е една од најуспешните компании во нашата земја, а својата определба како општествено одговорна компанија да помага во спортот ја потврдува и со потпишувањето на договори со наши познати спортисти, спортски легенди кои ќе ја имаат улогата на бренд амбасадоти на Видеолотарија Касинос Австрија.
На денешната прес-конференцијата во просториите на Видеолотарија Касинос Австрија, беше преставена соработката со Перо Антиќ, Кире Лазаров и Игор Стефановски Иџе. Лазаров и Стефановски и досега ја имаа улогата на бренд амбасадори, а Антиќ за прв пат ќе ја има оваа улога.
Заедно со најдобрите Видеолотарија Касинос Австрија ќе продолжи да го помага спортот во Македонија, а исто така да работи на подобрување на условите за создавање на нови млади спортски ѕвезди.