Нашиот пивот, Жарко Пешевски, очекува уште еден добар меч на Светското првенство во Данска, Норвешка и Хрватска. Втор противник на Македонија во групната фаза ќе и биде селекцијата на Холандија. Мечот ќе се реализира утре во арената во Вараждин.
„Максимално се фокусираме на Холандија, заборавме што се случуваше против Унгарија, немавме среќа да победиме, но ремито е одличен резултат. Мислам дека максимално сме мотивирани“ – вели Пешевски.
„Утре излегуваме максимално мотивирани и се надеваме дека ќе стигнеме до добар резултат. Тие се побрзи од Унгарците, имаат одлични индивидуалци, ќе биде сосема различен меч, но, подготвени сме и мислам дека имаме шанси“ – изјави нашиот ракометар.

