Финалето на Светското првенство во 2022 година помеѓу Аргентина и Франција треба да се игра во недела, но веќе пет клуба можат да бидат сигурни дека ќе имаат барем еден играч со титулата – Шампион на Светското првенство во Катар.
Атлетико Мадрид е тимот кој може да се пофали со најмногу финалисти – четири. Тројца од нив се Аргентинецот – Науел Молина, Родриго де Пол и Анхел Кореа, додека Антоан Гризман е во репрезентацијата на Франција.
Следен е Јувентус, чии претставници (вкупно тројца) се дел од финалето, дел од Аргентина се Анхел Ди Марија и Леандро Паредес, како и Адриен Рабио од Франција.
Преостанатите три клуба имаат по двајца играчи во финалето на турнирот. Пари Сен Жермен може да се пофали со суперѕвездите Лионел Меси од Аргентина и Килијан Мбапе од Франција. Дефанзивците на Манчестер Јунајтед – Французинот Рафаел Варан и Аргентинецот Лисандро Мартинез, овојпат нема да бидат партнери, туку ќе бидат противници. Капитенот на Тотенхем, Хуго Лорис, ќе се обиде да го подигне трофејот на второто Светско првенство со Франција, додека неговиот соиграч од Тотенхем, Кристијан Ромеро ќе ги брани боите на Аргентина.