Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Петар Чех се врати во Челзи и ќе работни како советник
    Фудбал

    Петар Чех се врати во Челзи и ќе работни како советник

    risteBy riste21/06/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Петар Чех официјално се врати на „Стемфорд Бриџ“. 37-годишниот поранешен голман, кој стави крај на својата фудбалска кариера на крајот од сезоната, ќе работи како технички советник и тимски советник. Чехот ќе работи заедно со Марина Грановскаја, која денес лично го претстави Чех и ја најави неговата нова улога.

    Чех дојде за прв пат во Челзи во 2004 година, а во 11 сезони тој беше прв голман на „Сините од Лондон“. Во летото 2015 година ја напушти екипата и кариерата ја продолжи во Арсенал.

    „Се чувствувам привилегиран што имам можноста да се вклучам повторно во  Челзи и да помогнам за постигнување на уште подобри резултати. Се надевам дека ќе продолжиме со успесите кои ги имаше клубот во последните 15 години. Со нетрпение го чекам новиот предизвик. Сакам да го искористам целото мое фудбалско знаење и искуство за да му помогнам на тимот да постигне поголем успех во иднина”, рече Чех.

    „Среќни сме што го имаме повторно Петер во нашиот клуб. За време на својата кариера како фудбалер тој беше еден од најпознатите, успешни и вистински професионалци со кои сме работеле. Секогаш сме се надевале дека кога тој одлучи да стави крај на кариерата , ќе го видиме назад во Челзи”, изјави Марина Грановскаја.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Вардар донесе четири нови засилувања

    14/08/2022

    ПСЖ му нуди нов едногодишен договор на Меси

    14/08/2022

    Јувентус брза да го затвори трансферот на Депај

    14/08/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Кадетите го освоија првото место во Рига
    • МЗТ Скопје А. и Војдан Стојановски ја продолжија соработката
    • Вардар донесе четири нови засилувања
    • ПСЖ му нуди нов едногодишен договор на Меси
    • Јувентус брза да го затвори трансферот на Депај
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.