Македонскиот каратист Петар Спасеновски освои бронзен медал на Европското карате првенство за сениори во Газиантеп во Турција. Спасеновски имаше фуриозни 15 секунди со кој дојде до бронзен медал во категоријата -84 кг. Спасеновски со 2:0 славеше против домашниот каратист Оз Мурат.
На 15 секунди пред крајот Петар Спасеновски поведе 1:0, а на 10 секунди пред крајот преку контра го изненади Оз Мурат и поведе со 2:0 за бронза.
Резултати Европско првенство:
-84 кг
Петар Спасеновски – Лука Ретенбахер (Австрија) 3-0
Петар Спасеновски – Мерис Муховиќ (Босна и Херцеговина) 1-0
Петар Спасеновски – Ибањез Сајнц-Торе (Шпанија) 3-2
Полуфинале
Петар Спасеновски – Енис Гарибовиќ (Хрватска) 0-3
За бронза
Петар Спасеновски – Оз Мурат (Турција) 2-0 (1-0, 2-0)