Поранешниот играч од средниот ред на Арсенал, Емануел Пети, направи паралела меѓу поранешниот тренер на „топчиите“ Арсен Венгер и сегашниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп.
„Претпоставувам дека може да се каже дека Клоп го надмина Венгер затоа што ја освои Премиер лигата и Лигата на шампионите, ФА Купот и Лига купот“ – вели Французинот.
„Венгер ја освои Премиер лигата три пати и сите се сеќаваат на таа сезона без пораз но, ја пропушти шансата да ја освои Лигата на шампионите “ – рече Пети.

