Слабата форма на Лео Меси и на неговата Аргентина на СП во Русија, во континуитет ги провоцира големите фудбалски имиња од минатото да направат според меѓу играчот на Барселона и Португалецот Кристијано Роналдо. Французинот, Емануел Пети, останува на ставот дека Меси ги нема квалитетите на Роналдо.
„Меси не е како Роналдо.Тој во Барселона е одличен играч, но, видовме дека и во Лигата на шампиони знае да се изгуби на теренот“, вели Пети.
„Се гледа дека во репрезентацијата немаат самодоверба. Дури би било и штета да се пласираат понатаму бидејќи беа ужасни против Исланд“ – објаснува Французинот.