Еден од хероите на Хрватска, Бруно Петковиќ, зборува за претстојното полуфинале на Светското првенство против Аргентина. Напаѓачот израмни во продолженијата против Бразил, а избраниците на Златко Далиќ потоа победија на пенали.
„Немаме план да го запреме Меси поединечно. Аргентина има многу квалитетни играчи. Игравме против тимови кои имаат големи личности, но не се концентрираме само на еден играч“, изјави Петковиќ.
Тој го коментираше и изненадувачкиот пласман на Мароко во полуфиналето. Хрватите играа против Африканците на стартот на Мундијалот, а натпреварот заврши 0:0.
„Имаше потценување на нашето нерешно 0:0 со нив на стартот на Мундијалот, но тие покажаа за каков квалитетен тим се и постигнаа одлични резултати“, заврши напаѓачот на Хрватска.