Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини зборуваше за проблемите со повредените играчи пред натпреварот од Лигата на шампионите со Ливерпул.
„Ханс Хатебоер и Кристијан Ромеро беа заменет поради повреди на мускулите денес, додека Робин Госенс и Мартин де Рун исто така се очекува да ја пропуштат средбата во Лигата на шампионите против Ливерпул. Исто така, ќе мора да почекаме до утре за да видиме што се случи со Рафаел Толои, кој имаше силен удар во коленото, па да видиме дали ќе може да сметаме на него или не“, изјави Гасперини за „Скај Спорт Италија“.
Натпреварот од третото коло во групната фаза од Лигата на шампионите помеѓу Аталанта и Ливерпул ќе се одигра на 3 ноември во Бергамо на стадионот „Атлети Азури“ со почеток во 21.00 часот.

