Настанот – „Lake Ohrid SUP Crossing“ или Преминување на Охридското езеро со даски за стоечко веслање закажан на 20 јули во организација на- „Paddle klub“, дефинитивно треба да биде летна атракција за сите посетители на нашата езерска убавица.
За традицијата на настанот, условите за пријавување и сите придружни активности, денеска проговоривме со еден од организаторите, Дамјан Петрески.
„Нашата цел е да го промовираме спортот кај сите генерации. Трката кај рекреативците ќе биде долга 26 километри и ќе биде покрај самата обала додека професионалците ќе веслаат 23 километри со неколку мерни станици. Патеката е од Свети Наум до Охрид. Конкуренцијата ќе биде силна бидејќи имаме пријавено неколку атрактивни имиња од странство. Се надеваме дека времето ќе биде на наша страна“ – потенцираше Петрески во гостувањето на Спортско Радио 90,3 ФМ.