Тренерот, Александар Петровиќ и челниците на кошаркарскиот состав МЗТ Скопје спогодбено ја прекинаа соработката откако популарните „штркови“ нанижаа серија лоши резултати во АБА лигата.
Тој во претходната сезона ја одбрани домашната титула и го однесе тимот во елитната конкуренција во Јадранската лига.
Петровиќ третиот мандат кај МЗТ го стартуваше во март годинава. Претходно беше кормилар во периодот од 2001 до 2007 и од 2009 до 2011 година