Најдобриот македонски кајакар Ангел Петрушев направи големо изненадување освојувајќи го 6. место на штотуку завршеното Европско првенство во Словенија.
Со самиот пласман меѓу шесте најдобри на Стариот континент сега е во позиција да очекува и вајлд-карта за учество на ЛОИ во Париз 2024.
Ангел Петрушев денеска беше гостин во студиото на Спортското радио 90.3 фм и имавме убав и интересен разговор за настапот на Европското првенство, но и за плановите и предизвиците кои го очекуваат.
„Неуспеав да изборам норма, односно не успеав да отидам на квалификациата поради повреда. Искрено сум единствен кајакар од Македонија кој е кандидат за да добие „Вајлд карта“ и сме во очекување во наредните десет дена да добиеме позитивна вест.
Доколку успеам да ја добијам шанса за настап на ЛОИ е дадам се да се пласирам во финале или најмалку во ТОП 15, сепак се работо за спорт во вода и таа е непредвилива. Јас досега сум бил подобро пласиран од неколку европски прваци и поранешни олимписки шампиони, затоа може се да се случи и да се направи изненадување“ изјави Петрушев во изјава во програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.

