Правилото за пет замени, кое беше воведено на крајот на минатата сезона како мерка во фудбалот за справување со последиците од пандемијата, ќе се задржи на натпреварите од Лигата на шампионите и Лигата на Европа и оваа сезона.
На состанокот на Извршниот комитет на УЕФА кој ќе се одржи денес во Будимпешта, ќе се гласа за пакетот правила што ќе важат во текот на сезоната.
Ла Лига, Серија А, Бундеслигата и Лига 1 веќе ја донесоа таа одлука и го зачуваа правилото со пет замени, само мнозинството екипи во Премиерлигата, со исклучок на најголемите клубови, гласаа против и не ја применуваат оваа мерка во новата сезона.

