Аргентинскиот тенисер, Хуан Мартин Дел Потро, успеа да ја санира повредата на коленото и по само два месеца пауза да се врати во тренинг процес. Тој во тековнава година имаше успешни настапи, но, заради повредата мораше да ги пропушти последните Мастерс турнири како и завршниот собир во Лондон.
„Започнав да играм тенис, тоа е добар знак. Два месеца по повредата се чувствувам добро и полека започнувам да се враќам во натпреварувачки ритам“ – изјави Дел Потро.
Ќе потсетиме дека благодарение на неколку освоени турнири, Аргентинецот ја заврши годинава на петтото место на АТП листата на најдобрите светски тенисери.