Здружението на професионалните фудбалери во Англија и Велс (ПФА), сака да интервенира во конфликтот меѓу менаџерот на Манчестер Јунајтед Ерик тен Хаг и играчот, Џејдон Санчо, пишува весникот – „Тајмс“.
Проблемите започнаа по мечот со Арсенал кога холандскиот тренер изјави дека не е задоволен од пристапот на крилниот напаѓач на тренинзите а Санчо одговори со објава на социјалните мрежи во која се опиша како – „ жртвено јагне“.
Сега, Здружението на фудбалери се активира во обид да дејствува како посредник меѓу двете страни.