Фудбалерите на Јувентус во петокот загубија од Наполи со 5:1 а поранешен капитен на тимот, Алесандро Дел Пиеро, вели дека Масимилијано Алегри треба да остане на кормилото на „старата дама“ од Торино.
„Според мене, Алегри не треба да добие отказ. Тренерски промени во средината на сезоната не се добро прифатени во соблекувалната“ – вели Дел Пиеро.
„ Мислам дека неговата работа треба да биде оценета дури на крајот од сезоната“ – вели легендата на Јувентус.