Играчот од средниот ред на украинската репрезентација Александар Пихаљонок вели дека Македонија не е ништо поразлична од оној меч во Скопје, па затоа веќе имаат направено добра анализа на квалитетите на нашиот тикм пред дуелот в сабота во Прага.
„Македонија е истиот тим, со иста тактика како и на минатиот натпревар. Ги анализираме нејзините натпревари против нас и Италија, ги гледаме спецификите и се подготвуваме. Ова е квалификациски натпревар за Европското првенство, така што секој натпревар е многу важен. Потребно е да се излезе и да се даде сто проценти. Имаме потреба да ги земеме тие шест бода на двата меча, но тоа не ни создава притисок, напротив ни дава сила и мотив иако немаме право на грешка“, вели фудбалерот на Днипро-1.

