Откако претседателот на Примера, Хавиер Тебас, потврди дека сезоната најверојатно ќе продолжи на 12 јуни и дека практично секој ден ќе има фудбалски мечеви, се огласи играчот на Барселона, Жерард Пике.
Тој проценува дека враќањето на терените толку рано би можело да предизвика проблеми со повреди кај играчите кои не се доволно подготвени откако два месеца поминаа заклучени во домовите.
„Слушнав дека претседателот на Ла Лига зборуваше за продолжување на 12 јуни. Многу време поминавме без тренинзи и мора да бидеме свесни за ризикот со повреди. Мислам дека уште неколку дена плус би ни биле добре дојдени, -изјави Пике.
