Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, по стартниот пораз од Баерн Минхен на домашен терен во Лигата на фудбалските шампиони, вели дека тимот го очекува долга и тешка сезона.
„Ќе продолжиме да се натпреваруваме. Првиот гол беше несреќен момент, но, вториот нè шокираше сите“ – потенцираше Пике.
„Ќе се обидеме да бидеме подобриме во наредните натпревари. Сигурен сум дека ќе се бориме за сите трофеи“– изјави ветеранот во редовите на Каталонците.