Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, се најде меѓу пријавените играчи на каталонскиот клуб за натпреварот од 13. коло во Ла Лига со Алмерија, објавија на социјалните мрежи од Барселона.
Покрај 35-годишниот Шпанец, во составот се и Ерик Гарсија и Андреас Кристенсен кои се опоравија од повредите. Против Алмерија нема да играат Серхи Роберто, Мемфис Депај, Роналд Араухо и Жил Кунде.
Да потсетиме, вчера, Жерар Пике објави дека ја завршува кариерата. Натпреварот со Алмерија ќе биде последен за дефанзивецот во дресот на Барселона. Средбата ќе се одигра утре (сабота) на стадионот „Камп Ноу“ со почеток во 21 часот. Оваа сезона Пике запиша девет настапи за Барселона во шпанското првенство и Лигата на шампионите.