Последните минути од мечот меѓу Наполи и Барселона може да и донесат многу проблеми на екипата на барселона затоа што искусниот дефанзивец на гостите, Жерард Пике заработи повреда.
Шпанецот мораше да биде заменет од Клемен Ленгле, бидејќи почувствува болки во левиот скочен зглоб. Причината за тоа беше незгодно згазнува при една интервенција пред својот гол. Пике веднаш сигнализираше дека нема да може да го продолжи натпреварот и веднаш беше заменет.
Не е потврдено дали оваа повреда нема да му дозволи на Пике да биде дел од неделното „Ел Класико“ против Реал Мадрид, кое одлучува која екипа ќе има предност пред продолжението на сезоната во „Ла Лига“. Фановите на Барселона ќе ги очекуваат дополнителните медицински прегледи за да знаат дали Пике ќе може да настапи во Мадрид.
Второто сезонско „Ел Класико“ се игра в недела со почеток од 21:00 часот.