Искусниот дефанзивец на Барселона, Жерар Пике изјави дека големите проблеми во Барселона се производ на поранешниот претседател на клубот, Бартомеу.
„Имам повеќе чувства за Лапорта отколку за Бартомеу. Некои играчи се чувствуваат измамени од Бартомеу. На Жоан му оди добро. Тој ги става работите во ред, повторно се појавуваат хиерархии, кои недостасуваа во минатото“, изјавил Пике.
Бартомеу беше отпуштен од Барселона минатата есен. Функционерот се соочи со критики поради слабите резултати и желбата на капитенот на тимот, Лионел Меси, да го напушти клубот. На 1 март, Бартомеу беше уапсен во врска со активностите на каталонскиот клуб на социјалните мрежи. Подоцна, Бартомеу беше привремено ослободен.