Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, се согласи на 50% намалување на платата до крајот на сезоната 2020/2021 со потпишување нов договор со неговата екипа. Голманот Марк-Андре тер Штеген , дефанзивецот Клемент Ланглет и играчот за врска Френки де Јонг ќе имаат пад од 30 %, објави Спорт.ес.
33-годишниот Пике го продолжи договорот до 20 јуни 2024 година, а клаузулата за откуп е 500 милиони евра. Продолжување на договорот е можно доколку играчот одигра одреден број на натпревари во сезоната 2021/2022.
Тер Штеген склучи договор до 30 јуни 2025 година со опција за откуп од 500 милиони евра. 25-годишниот Французин Клемент Ланглет потпиша договор до 30 јуни 2026 година со клаузула во износ од 300 милиони евра, а младиот 23-годишен холандски играч за врска Френки де Јонг – до летото 2026 година со можност за откуп за 400 милиони евра.